Старински подварок од кисела зелка печен во рерна: Традиционалниот зимски крал што ја грее душата

Зимата кај нас не е комплетна без мирисот на локалните специјалитети кои потсетуваат на топли семејни моменти – а јадењето од кисела зелка печена во рерна завзема посебно место на секоја трпеза. Ова древно јадење, познато по својот богат вкус и сочност, ги комбинира традицијата и удобноста: киселата зелка, месото и зачините полека се печат во рерна, ослободувајќи арома што мами и буди спомени.

Идеален е за сите пригоди, од секојдневни оброци до празнични денови, а неговата подготовка покажува како едноставните состојки можат да создадат ремек-дело кое ги загрева и телото и душата.

Состојки:

2 главици кромид

200 грама чадена сланина

1 кг 300 грама свински врат

2 средни главици зелка.

Подготовка:

Исечкајте ја чадената сланина и кромидот на парчиња. Исечете го свинскиот врат на парчиња, додадете сол и други зачини по желба. Оставете го месото настрана за подоцна.

Ситно исечкајте ги главичките од зелка. Средишниот дел бидејќи е цвврст го вадиме и го фрламе. Префрлете ја зелката во големо тенџере и прелијте ја со ладна вода, за да може водата да го извлече вишокот сол и киселост. Ставете околу две лажици маст во тенџерето во кое ќе го подготвувате подварокот за да го стопите. Пржете го секое парче месо од двете страни. Кога месото ќе се испржи, ставете го на посебна чинија. Додадете кромид и сланина во истата маст. Пржете додека кромидот не омекне, а сланината не добие боја. Ставете ја зелката што беше во водата во тенџерето. Пред тоа, измијте ја и дури потоа динстајте ја. Додека ја динстате зелката, полека додавајте малку вода. динстањето трае околу еден час. Ставете ја динстаната зелка во длабок сад за печење, ставете го месото врз зелката, но поттурнете го малку кон дното, за да не се исуши. Печете во покриен сад еден час на 200 степени.

Најчитани вести