Филипче: Целосната одговорност на евроинтеграциите е кај власта на ВМРО-ДПМНЕ, доста со ароганција и изговори

Пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче кој претседава со Националниот совет за евроинтеграции, на денешната седница истакна дека Извештајот на Европската комисја јасно покажува дека Македонија заостанува на европскиот пат.

Според Филипче, евидентно е дека нема напредок во клучните области, како правосудство, економија, образование, а онаму каде што има некаков напредок, тој не е доволен.

Одговорноста за ова, како што вели Филипче е единствено во владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Претставниците на владата, на извршната власт, на целата коалиција, треба да излезат од состојба на длабока контемплација, поради тоа што ова бара сериозна активност и сериозна работа. Никој нема да биде крив, целата одговорност е во владината коалиција на ВМРО- ДПМНЕ, ЗНАМ и на ВЛЕН. Слушаме дека ќе го проширувале владиното мнозинство, сакам да упатам јасна порака до политичките чинители, пратеници кои сакаат да се придржат на оваа коалиција, добро да размислат дали ќе го прават тоа, поради тоа што очигледно е дека нема волја, оваа коалиција да го продолжи европскиот пат”, рече Филипче.

Според него, граѓаните од власта очекуваа работа и решенија, а не како што рече, оправдувања, ароганција и теории на заговор.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести