Хрватска од 1 јануари ја презема контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор

Хрватска од 1 јануари ќе ја преземе контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор со повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ како дел од интегрираниот систем за противвоздушна и ракетна одбрана на НАТО, соопшти денеска хрватското Министерство за одбрана.

„Преку интензивната обука на персоналот во процесот на воведување на повеќенаменскиот борбен авион „Рафал“ во оперативна употреба, постигнато е ниво на подготвеност за спроведување на задачата за заштита на воздушниот простор во мирно време во рамките на интегрираниот систем за противвоздушна и ракетна одбрана на НАТО“, се наведува во соопштението.

Во 2021 година, Хрватска купи 12 половни авиони „Рафал Ф3Р“ за 1,13 милијарди евра, пренесуваат хрватските медиуми.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести