Зеленски им ја честиташе Новата година на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им ги честиташе новогодишните празници на Украинците, истакнувајќи дека 2025 година е обележана со посветеноста, отпорноста и секојдневната работа на Украинците.

Зеленски на Фејсбук напиша дека 2025 година е „овозможена“ благодарение на украинските војници.

– Одиме напред заедно со она што нè држи, искуството и сеќавањето, мајчиниот јазик, надежта и верата. Со себе ја носиме способноста за соработка и човечноста. Она што, и покрај сè, го имаме. Веруваме во мир, се бориме за него и работиме на него, наведе Зеленски. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести