СДСМ со прашање за вицепремиерот Стоилковиќ и премиерот Мицкоски

Најблискиот соработник на Мицкоски и негов заменик во Владата, Иван Стоилковиќ, во интервју ја цитира изјавата на Александар Вучиќ дека е одлична идеја целиот Балкан да влезе заедно во Европската унија, оценувајќи дека таквиот пристап е рационален и корисен за регионот.

Идејата сама по себе би била одлична доколку е возможна.

Оттука, имаме едно логично прашање за Стоилковиќ и Мицкоски кои ја запираат интеграцијата на Македонија:

Ве молиме да ни објасните зошто веќе следниот ден по таа изјава Вучиќ соопшти дека нема да присуствува на состанокот во Брисел, во организација на Европската унија?

ФБ статус на СДСМ

Најнови вести

Најново од Македонија