Претседателот Бранко Азески, заедно со членови на Управниот одбор, оствари работна посета на Реплек АД, при што се сретна со генералниот директор Душан Пецовски и неговиот тим, по повод одбележувањето 80 години постоење на компанијата и најавените нови инвестиции.
Во рамки на посетата, Азески истакна дека Комората е институција која застанува зад своите членки и активно работи на создавање услови компаниите да го креираат деловниот амбиент и да постигнуваат позитивни резултати. Покрај поддршката преку Комората, таа се обезбедува и на регионално ниво преку Коморскиот инвестициски форум – КИФ.

Во однос на освојувањето нови странски пазари, Азески информира дека Комората, во соработка со Владата, подготвува посебна програма за поддршка на извозот. Тој најави дека во текот на овој месец ќе биде потпишан документ со Владата за поддршка на платформа за инвестициски активности, како и развој на BRIDGE програмата за инфраструктура, наменета за подобрување на состојбите и поврзувањето во целиот Балкан.
По повод 80-годишнината, на Реплек му беше врачено значајно признание од Стопанската комора, што претставува потврда за осум децении континуиран развој и успешни резултати.
Фејсбук статус на Стопанска комора на Северна Македонија


