Силно полициско обезбедување кај „Охис“, претреси во врска со петте тони марихуана запленета во Србија

Десетина комби-возила, пет до шест камиони и полициски возила попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика „Охис“, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција

И натаму е во тек големата полициска акција во Скопје во врска со петте тони марихуана што минатата недела беа запленети во соседна Србија, а за кои српските медиуми информираа дека се набавени од македонска територија.

Десетина комби-возила, пет до шест камиони и полициски возила попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика „Охис

Местото е под силно полициско обезбедување и пристап до таму не е можен.

Во врска со акцијата, која е насочена кон мрежата на т.н. „легални“ производители на канабис се вршат претреси на повеќе локации во Скопје и Струмица. Акцијата е во координација на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК).

извор:360stepeni.mk

Најчитани вести