СДСМ: Одговорноста за дрогата од 5 тони како и за запленетата е во врвот на власта

Одговорноста за картелскиот скандал од 5 тони дрога од Македонија, запленет во Србија е во врвот на власта.

Затоа нема одговор како 5 тони дрога поминала преку македонската граница?

Без поддршка од структури високо во власта, во МВР, во Царина, во други институции, не може да се шверцуваат тони и тони дрога.

Поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија е сега пред очите на јавноста и наскоро сè ќе биде јасно.

А за медиумската кампања и дефокусот со наводни заплени на големи количини во земјата исто така. Ако се запленети 40 тони или повеќе, и тоа нелегално произведена марихуана, тогаш повторно вината е кај власта. 

Кој дозволил нелегално да се произведе и да се чува марихуана изминатите 2 години?  МВР, Здравство, Земјоделие…која институција?

Наместо да бега од одговорноста ВМРО да одговори на прашањата: 

Кој дозволи 5 тони дрога да се шверцува преку граница и кој ќе одговара?

Каква е поврзаноста на Симе со Мицкоски?

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести