Владата ја донесе ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2026 година

На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, информира Агротим.

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост Програмата објавена во Службен весник бр. 27, 2.февруари 2026 година.

ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2026 ГОДИНА

I

Средствата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година во вкупен износ од
6.061.345.000,00 денари, обезбедени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.253/25) раздел 14004, Програма 2, Потпрограма 20, Ставка 464-Разни трансфери ќе се користат според следните мерки:

V

Средствата од дел I мерка 4 од оваа програма наменети за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивни производи во износ од 5.000.000,00 денари ќе се користат според следните подмерки:

VI

Средствата од дел I мерка 5 од оваа програма во износ од 1.000.000,00 денари се наменети за поддршка за складирање на пченица, јачмен и ориз од домашно производство од род 2026 година.

Корисници на средствата од дел I мерка 5 од оваа програма се земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кои имаат пријавена површина со пченица и јачмен согласно подмерката 1.1. од оваа програма.

Корисници на средствата од дел I мерка 5 од оваа програма се и земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кои имаат пријавена површина со ориз согласно подмерката 1.1. од оваа програма и го имаат предадено оризот во период од 15 септември до 25 декември 2026 година, со исклучок на земјоделските стопанства кои складираат за сопствени потреби.

За пченицата и јачменот од домашно производство од род 2026 година корисниците од ставот 2 на овој дел треба да ги имаат предадено пченицата и јачменот на складиштење кај складиштарите во период од 15 јуни до 15 септември 2026 година, со исклучок на земјоделските стопанства кои складираат за сопствени потреби.

VII

Средствата од дел I мерка 6 од оваа програма во износ од 1.000.000,00 денари се наменети за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според одобрена висина на поддршка за директни плаќања за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства, која не надминува 30.000 денари.

Корисници на директните плаќања од дел I мерка 6 од оваа програма се земјоделски стопанства кои се корисници на основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства од дел I мерка 1 од оваа програма и за кои висината на одобрените директни плаќања не надминува 30.000 денари.

Висината на поддршката од ставот 1 на овој дел изнесува дополнителни 10% од утврдената висина според мерка 1 од оваа програма.

VIII

Средствата од дел I мерка 7 од оваа програма во износ од 1.000.000,00 денари за помош во премии и осигурување ќе се користат согласно член 98 од Законот за земјоделство и рурален развој со максимален износ на поддршка од 150.000,00 денари по земјоделско стопанство.

Помошта од ставот 1 на овој дел се доделува за премии и осигурување склучени од 1 август 2025 година до 31 јули 2026 година.

IX

Средствата од дел I мерка 8 од оваа програма во износ од 15.000.000,00 денари за помош во сточарскиот сектор се наменети за покривање на административни трошоци за воспоставување и одржување на матично книговодство и трошоци за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството, согласно член 103 став (2) алинеи 1 и 2 од Законот за земјоделство и рурален развој.

Корисници на помошта за покривање на административни трошоци за воспоставување и одржување на матично книговодство согласно член 103 став (2) алинеја 1 од Законот за земјоделство и рурален развој се признати организации на одгледувачи и признати организации на одгледувачи на хибридни свињи впишани во Регистарот на признати организации на одгледувачи и признати организации на одгледувачи на хибридни свињи кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за зоотехника (*).

Висината на помошта од став 2 на овој дел изнесува 80,00 денари, без данок на додадена вредност за впишано грло животно во матична книга или впишано грло во Регистар за приплод на хибридни свињи.

Корисници на помошта во сточарството наменети за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството, согласно член 103 став (2) алинеја 2 од Законот за земјоделство и рурален развој се трети лица впишани во Регистарот на трети лица кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за зоотехника (*) и кои имаат склучено договор со призната организација на одгледувачи или призната организација на одгледувачи на хибридни свињи за спроведување на активности за испитувања на продуктивноста или на генетската вредност на животните или хибридните свињи предвидени во одобрените одгледувачки програми.

Висината на помошта од став 4 на овој дел изнесува: за грло животно од видот говеда впишани во матична книга изнесува – 4.000,00 денари, без данок на додадена вредност, за грло животно од видовите овци и кози впишани во матична книга изнесува – 1.400,00 денари, без данок на додадена вредност, за грло животно од видот свињи/хибридни свињи впишани во матична книга или Регистар за приплод за хибридни свињи изнесува – 1.000,00 денари, без данок на додадена вредност.

За реализација на дел I мерка 8 од оваа програма Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавува отворени јавни повици за поднесување на барања за исплата на финансиска поддршка до 30 септември 2026 година.

X

Средствата од дел I мерка 9 од оваа програма во износ од 1.000.000,00 денари ќе се користат за анализа на физичките и хемиските својства на почвата на земјоделски стопанства кои имаат извршени агрохемиски или педолошки анализи во 2026 година и тоа 80% од трошоците за анализа без данок на додадена вредност, но не повеќе од 12.000,00 денари по земјоделско стопанство.

XI

Средствата од дел I мерка 10 од оваа програма во износ од 520.000.000,00 денари ќе се користат согласно член 98-в од Законот за земјоделство и рурален развој за помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација за земјоделски стопанства. Помошта од ставот 1 на овој дел е во висина од 100% од трошоците на земјоделските стопанства за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација, но не повеќе од 100.000,00 денари по земјоделско стопанство.

XII

Дел од средствата од дел I мерка 11 од оваа програма во износ од 20.000.000,00 денари ќе се користат од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за покривање на материјални трошоци за спроведување на оваа програма и тоа за: услуги за печатење на обрасци и информативни материјали и огласи потребни за спроведување на оваа програма, услуги за печатење и достава на известувања до барателите, набавка и услуги за печатење на промотивен и репрезентативен материјал, услуги за уништување на документиран материјал, услуги за проверка на трансакциски сметки на корисниците на оваа програма, набавка на гориво и патни трошоци за вршење на контролите на терен, како и трошоци поврзани со одржување на возилата, услуги за изработка, прилагодување и одржување на софтверски решенија за спроведување на оваа програма, услуги од надворешни експерти вклучително и ревизија на оваа програма, услуги за обезбедување на сателитски снимки наменети за контролите на терен, набавка на информатичка и техничка опрема наменета за спроведување на оваа програма, вклучително и опрема потребна за спроведување на контролите на терен.

Дел од средствата од дел I мерка 11 од оваа програма во износ од 2.000.000,00 денари ќе се користат од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за набавка на информатичка и техничка опрема наменета за спроведување на оваа програма.

XIII

Средствата од дел I мерка 12 од оваа програма во износ од 2.625.345.000,00 денари ќе се користат за исплата на финансиски средства за заостанати обврски по мерки од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството од 2020, 2021, 2022, 2023, 2024 и 2025 година.

XIV

Корисници на директни плаќања од дел I мерки 1, 2, 3, 4, 5, 7 и 9 од оваа програма се земјоделски стопанства кои ги имаат подмирено сите финансиски обврски согласно член 14-а од Законот за земјоделство и рурален развој.

XV

Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерките 1, 2, 3 и 4 од оваа програма е утврден во член 4 од Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2026 година.

Крајниот рок за поднесување на барања за мерката 5 од оваа програма за пченица и јачмен е 30 септември 2026 година, а за ориз 25 декември 2026 година.

Крајниот рок за поднесување на барања за мерката 7 од оваа програма е 31 август 2026 година.

Крајниот рок за поднесување на барања за мерката 8 од оваа програма е 31 октомври 2026 година.

Крајниот рок за поднесување на барања за мерката 9 од оваа програма е 14 јули 2026 година.

XVI

Директните плаќања и дополнителните директни плаќања од оваа програма ќе се исплаќаат најдоцна до 30 јуни 2027 година.

XVII

Оваа програма влегува во сила со денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.

Информации за висина на субвенциите за сите сите земјоделски култури и за сточарство на Агротим.мк – специјализирана платформа за информации од областа на земјоделството и руралниот развој.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести