Како да ја „истренирате“ косата да биде помалку мрсна? Ви донесуваме 7 едноставни, но ефикасни совети

Луѓето со мрсен скалп треба да избираат производи кои го регулираат лачењето на себум, не ги затнуваат порите и темелно чистат без сушење. Покрај тоа, важни се и мали секојдневни трикови кои можат да направат голема разлика.

1. Избегнувајте пречесто миење на косата

Иако изгледа контраинтуитивно, миењето на косата секој ден го поттикнува скалпот да произведува уште повеќе себум. Обидете се постепено да го зголемувате интервалот помеѓу миењата на два до три дена.

2. Користете благ шампон за мрсна коса

Изберете шампони без тешки силикони и масла. Лесните формули наменети за мрсен скалп помагаат во контролата на маснотијата, без дополнително сушење, пишува Fashion.hr.

3. Нанесете го регенераторот само на врвовите

Доколку имате мрсен скалп, никогаш не нанесувајте регенератор или маска на скалпот. Фокусирајте се исклучиво на должината и врвовите, за да не ја направите косата дополнително мрсна.

4. Допирајте ја косата со рацете што е можно помалку

Честото допирање на косата го пренесува маслото од рацете на скалпот и го забрзува мрсењето. Колку помалку ја допирате косата, толку подолго ќе изгледа чиста и свежа.

5. Редовно чистете ги четките и чешлите

На четките се акумулираат маснотии, нечистотија и остатоци од производи. Со користење на валкана четка, нечистотиите брзо се враќаат на свежо измиената коса.

6. Користете сув шампон ама поретко

Сувиот шампон може да биде спас во итни случаи, но неговата пречеста употреба може да ги затне порите и да ја влоши состојбата на скалпот на долг рок. Откако ќе користите сув шампон, измијте ја косата следниот ден.

7. Повремен пилинг на скалпот

Нежниот пилинг на скалпот од време на време го отстранува вишокот себум и остатоците од производите, помагајќи да се одржи поздрав и почист скалп.

Најчитани вести