Мексиканската морнарица заплени четири тони кокаин од подморница која пловела во близина на западниот брег на земјата, при што се уапсени три лица, соопшти денеска мексиканскиот министер за безбедност и заштита на граѓаните, Омар Гарсија Харфуч.
– Во текот на последната недела, во поморските операции се запленети речиси 10 тони од оваа дрога. Тоа претставува директен и мултимилионски удар врз финансиските структури на организираниот криминал, и на тој начин е спречено милиони дози да стигнат до улиците“, напиша Гарсија Харфуч на X.
Дрогата била спакувана во 179 пакети, а со акцијата за заплена раководел Секретаријатот на морнарицата во Манзаниљо.
МИА


