Аларм среде ноќ: „Ве молам останете во засолништата“ Се огласуваат сирени за воздушен напад во Киев

Во текот на ноќта, Киев повторно бил погоден од силен удар. Откако Русија лансирала балистички ракети, биле пријавени повеќе експлозии во украинскиот главен град, а едно лице и едно дете биле повредени во блиските предградија.
Првите детонации се случиле околу 4 часот наутро по локално време, според извештаите на новинарите на местото на настанот. Нова серија експлозии следела околу 4:30 часот наутро.
Ситуацијата кулминирала кога градските власти потврдиле дека станува збор за напад со балистичко оружје, објави српски Блиц.

Непријателот го напаѓа главниот град со балистичко оружје. Ве молиме останете во засолништата додека не се даде сигнал за крај на опасноста – изјави началникот на градската воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко.

Воздушната тревога била прогласена во 3:56 часот наутро, а во 4:47 часот била проширена на целата територија на Украина, по полетувањето на руските бомбардери, соопштија воздухопловните сили. Дополнителни експлозии се слушнале околу 5:13 часот наутро.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести