Растенија на терасата: Што да се сади во март за брз раст и богат род?

Март е одличен месец да започнете со садење растенија на терасата, бидејќи деновите стануваат подолги, а температурата постепено расте.
Иако е сè уште рано за некои растенија на кои им е потребна топлина, постојат неколку видови билки што можете да ги садите на терасите во март.

Магдонос (Petroselinum crispum)
Магдоносот е исклучително отпорен на студ и може да се сади уште во март. Можете да го садите во садови или тегли, а бара сончево место и редовно наводнување.


Босилек (Ocimum basilicum)
Босилекот е растение кое ги сака сонцето и топлината, па ако температурите се веќе доволно високи, можете да започнете да го садите во март. Се сади во садови што можете да ги чувате на тераса на сонце и важно е да се осигурате почвата да е секогаш влажна, но не премногу.


Мајчина душица (Thymus vulgaris)
Мајчината душица е отпорна на студ и може да се сади во март, особено ако терасата е заштитена од силни ветрови. Ова растение сака сончеви места и сува почва, па затоа е одлично за тераси кои имаат добар извор на светлина.


Нане (Mentha spp.)
Нането е лесно за одгледување и може да се сади уште во март. Потребно ѝ е сончево место, а редовното наводнување е важно, но внимавајте да не го држите премногу влажно, бидејќи нането може да скапи.


Оригано (Origanum vulgare)
Ориганото е исто растение кое може да толерира пониски температури и може да се сади во рана пролет. Како и мајчината душица, ориганото сака сончеви места и добро дренирана почва.


Коријандер (Coriandrum sativum)
Коријандерот е растение кое бара пониски температури, па затоа може да се сади во март. Сака сончеви места, но може да толерира и делумна сенка. Редовното наводнување е важно, но внимавајте да не претерате.


Лаванда (Lavandula spp.)
Лавандата може да се сади на тераса во март, бидејќи е растение кое сака сонце и добро дренирана почва. Лавандата е отпорна на суша, но ѝ треба многу светлина за добро да расте.


Кромид (Allium fistulosum)
Ако сакате да садите зеленчук, кромидот е добра опција за март. Можете да садите млад кромид во саксии и тој брзо ќе порасне. Кромидот сака сончеви места и бара повремено наводнување.


Ротквица (Raphanus sativus)
Ротквицата е брзорастечко растение кое може да се сади во март. Сака пониски температури, па затоа е идеално за рано пролетно садење ѝ треба сончево место и редовно наводнување.


Зелена салата (Lactuca sativa)
Зелената салата е друго растение кое може да се сади на тераса во март, бидејќи сака пониски температури. На зелената салата не ѝ е потребно многу простор, па затоа е идеална за садење во садови или тегли. Потребно ѝ е сончево или полусенчено место и редовно наводнување.


Совети за садење билки на балконот во март:
Избор на садови: Изберете садови со добра дренажа за да може водата да поминува слободно, што спречува гниење на коренот.
Заштита од мраз: Ако ноќите можеби се уште се ладни, можете да ги покриете растенијата со заштитна фолија или ноќе да ги ставите на заштитено место.

Извор – Агротим

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести