Светските берзи би можеле да се соочат со „катастрофални последици“ доколку војната во Иран продолжи да влијае на пристапот до Ормускиот теснец, една од најважните поморски рути за транспорт на енергенси во светот, предупреди саудискиот нафтен гигант „Арамко“.
Од компанијата посочуваат дека продолжените прекини во сообраќајот низ теснецот не само што го нарушуваат поморскиот транспорт, туку ќе предизвикаат пошироки економски последици и врз други глобални индустрии како авијација, земјоделство и автомобилската индустрија.
„Би имало катастрофални последици за светските нафтени пазари доколку нарушувањата продолжат, а колку подолго трае прекинот, толку посериозни би биле ефектите врз глобалната економија“, изјави Амин Насер, главен извршен директор на „Арамко“.


