Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 02/2026 за доставување на барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.
Со овој повик се обезбедува финансиска поддршка преку Мерка 131 – Економско здружување на земјоделски стопанства, односно подмерка 131.1, наменета за поттикнување на здружување и подобро функционирање на земјоделските задруги. Прифатливи трошоци во рамки на оваа мерка се трошоците за воспоставување и функционирање на земјоделските задруги.
На овој линк можете да го погледнете целосниот повик.
Извор: Агротим


