Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно побара од сојузниците да помогнат во деблокирање на Ормуски Теснец, при тоа критикувајќи ги дека „не биле воодушевени да помогнат“.
– Некои беа многу воодушевени, некои не. Меѓу нив има земји на кои им помагавме многу, многу години. Ги заштитивме од ужасни надворешни закани, а тие не беа воодушевени да помогнат. Нивото на ентузијазам е важно за мене, истакна Трамп.
Неколку сојузници на САД денеска изјавија дека не планираат да испратат бродови за да помогнат во деблокирањето на Ормускиот Теснец.
МИА


