Без вода за пиење денеска ќе останат корисниците од село Добри Дол, информираа утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што појаснија од претпријатието, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12 часот до завршување на работните активности.
Станувало збор за реконструкција на водоводна мрежа на една од улиците.
МИА


