(ВИДЕО) Протест на оризопроизводителите во Чешиново-Облешево: Скапи репроматеријали, ниска откупна цена и неизвесна сеидба

Производителите на ориз денеска излегоа на протест поради, како што велат неисплатени субвенции, ниска откупна цена на оризот, скапи репроматеријали и неизвесна сеидба, пренесува Радио Кочани.

-Вака како што е сега состојбата ништо нема да сееме. Не бива да вложиш 10.000 евра и да работиш а да земеш 7.000. Ние сме во голема загуба. Два месеци се среќаваме со министерот кој само ни ветува но ништо не се превзема. Очекуваме од Владата во рок од една недела да се најде решение за нас во спротивно ќе ги интензивираме протестите – велат земјоделците.

Производителот Мишо Трајанов од село Мојанци, револтиран поради состојбата во која се наоѓаат со непродаден ориз, неплатени сметки и ниски субвенции го повика министерот да дојде и да им помогне.

-Кога идеше да лобира министерот со тој од десна страна, директорот на Платежна, го затворија, со тој од лева страна до него директорот на инспекторатот и тој го затворија. Немаме против, нека затвара Мицкоски, нека исчисти, ама нека дојдат да ни помогнат. Не се живее вака, сметки имаме за плаќање, а оризот не продаден. Ќе бегаме сите, јас сум 53 години и да ви кажам ми се смачи да живеам во оваа држава – вели Трајанов.

Слушнете ги изјавите на земјоделците од видеото на Радио Кочани

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести