Владата денеска напладне одржа седница на која се донесоа мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата.
Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бензините.
Според премиерот Мицкоски, главната цел е да се заштити стандардот на граѓаните во услови кога цените на светските берзи растат поради кризата на Блискиот Исток.
Премиерот Мицкоски соопшти дека одлучиле да се намали данокот на додадена вредност од 18% на 10%, со тоа то цената на бензинот останува непроменета а нафтата да се зголеми од 3 до 3,5 денари од литар.


