Граѓани од соседни држави доаѓаат и точат горива кај нас, се троши 10% од вкупната потрошувачка, вели Мицкоски

Владата денеска на вонредна седница донесе пакет мерки со цел да се спречи драстичен скок на цените на горивата на македонските бензински станици. По завршувањето на седницата, премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција ја соопшти одлуката со која државата ќе интервенира на пазарот на нафтени деривати.

Според премиерот Мицкоски, главната цел е да се заштити стандардот на граѓаните во услови кога цените на светските берзи растат поради кризата на Блискиот Исток.

Премиерот Мицкоски соопшти дека одлучиле да се намали данокот на додадена вредност од 18% на 10%, со тоа то цената на бензинот останува непроменета а нафтата да се зголеми од 3 до 3,5 денари од литар.

Тој додаде дека и натаму внимателно се следат светските берзи, залихите и безбедносната состојба, особено во контекст на случувањата на Блискиот Исток, со цел навремена реакција.

„Имаме повеќе алатки на располагање – акцизи, маржи, државни интервенции. Но, суштината е дека реагираме навреме за да не дозволиме шокови како во минатото“, нагласи премиерот.

Мицкоски посочи и дека дополнителен притисок врз домашниот пазар создава зголемената потрошувачка од странски државјани, која достигнува до 150.000 литри дневно, односно околу 9 до 10 проценти од вкупната потрошувачка.

Според него, енергетската состојба во моментов е стабилна, но Владата останува во постојана готовност да интервенира доколку се појават нови ценовни шокови.

„Не сме реактивни, туку проактивни. Ги предвидуваме ризиците и преземаме мерки навреме“, порача Мицкоски. објави Скопје1.мк

Најчитани вести