Претреси кај роднина на Изет Меџити за фалсификување на документи и местење на тендери во Општина Чаир

Три лица од Скопје се под истрага за фалсификување документи и незаконско учество на јавни тендери, по акција спроведена од полицијата по наредба на Јавното обвинителство, објави Коха.мк.

Според извори на весникот, станува збор за лицата со иницијали Б.Г (39), В.Р и Н.С.Б. , кои биле уапсени, а потоа пуштени за понатамошна постапка. При претресите извршени во нивните домови, властите заплениле материјали и докази поврзани со истрагата.

Претресите кај лицата се за прекршување на членовите 378 и 380 од Кривичниот законик, кои се однесуваат на фалсификување документи и нивна употреба. Се истражува евентуално фалсификувале документација со која учествувале на тендери на државни институции, главно во Општина Чаир.

Весникот KOHA дознава дека еден од осомничените, 39-годишниот B.H., ја извршува функцијата раководител на сектор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој претходно бил ангажиран и во тимот на еден партиски лидер во главниот град. Властите соопштуваат дека истрагата е во тек и се очекува целосно да се расчистат околностите на овој случај.

Повеќе на Либертас

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести