Иранскиот парламент подготвува закон за наплата за премин низ Ормуска Теснина

 Парламентот на Иран планира да одобри закон за наплата за премин низ Ормуска Теснина, објавија денеска иранските медиуми.

Според иранските власти, со законот треба да се „осигури безбедноста на бродовите што минуваат“ низ Ормуска Теснина, но не наведоа колку тоа ќе чини.

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи синоќа изјави дека Иран досега ги прифатил барања за минување низ теснината од земји како Кина, Русија, Пакистан, Ирак и Индија.

Тој истакна дека Ормуска Теснина, од иранска перспектива, „не е целосно затворен, но е затворен за непријатели“.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести