Аксиос: Најверојатно потпретседателот Венс ќе биде главниот американски преговарач со Иран

Американскиот портал Аксиос објави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс најверојатно ќе биде главниот преговарач во потенцијалните мировни преговори со Иран.

Според неименувани претставници на Белата куќа, Венс поради неговото искуство и спротивставувањето на отворените конфликти во странство, е поатрактивен соговорник за Иран од Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

– Ако Иранците не можат да постигнат договор со Венс, нема ниту да го добијат. Тој е најдобриот што можат да го добијат, наведе висок функционер на американската администрација.

Според претставници на Белата куќа, Венс е подготвен да „го заземе своето место на сцената“, но само ако и кога ќе почнат директните разговори со Иран. Тој претходно имаше повеќе телефонски разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, се сретна со сојузниците од Персиски Залив и се вклучи во индиректни комуникации со Иран. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести