Во близина на Виница е пронајдено тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство. Увид на местото извршиле припадници на Основното јавно обвинителство Кочани, а согласно првичните информации починатото лице е идентификувано како ловочувар кое било дел од група за комерцијален лов, информира 360 Степени.
Во рамки на истрагата се задржани тројца странски државјани и еден македонски државјани кои биле дел од истата ловна група. За нив, надлежните институции ќе испитуваат дали биле инволвирани во пукањето.
„Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан“,велат од Основното јавно обвинителство.