Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница донесе одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати.
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,5 денари и изнесува 84 ден./литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3 денари и изнесува 85,5 ден./литар. Дизелот останува со непроменета цена во однос на претходната одлука на РКЕ, односно максималната малопродажна цена изнесува 95,5 ден./литар.
Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од полноќ ќе се продава по цена од 92,5 ден./литар, додека мазутот М1 НС ќе се продава по цена од 51,410 ден./килограм.
| Гориво | Актуелна цена | Нова цена (од 31.03.2026) |
|---|---|---|
| ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 86,5 ден./л | 84 ден./л |
| ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 88,5 ден./л | 85,5 ден./л |
| ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 95,5 ден./л | 95,5 ден./л |
| Масло за горење екстра лесно (ЕЛ-1) | 92 ден./л | 92,5 ден./л |
| Мазут М-1 НС | 51,073 ден./кг | 51,410 ден./кг |
Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 23.03.2026 година.


