По повод одбележување на 14 Април, Ден на Царинската управа денеска на градскиот Плоштад во Гевгелија, од 11 до 14 часот, ќе се одржи настан „Отворен ден со Царинската управа“.
Од Царинската управа информираат дека посетителите во рамки на програмата ќе имаат можност да се запознаат со различните задачи кои ги извршуваат нивните мобилни царински тимови, како и опремата што ја користат во рамки на секојдневната работа.
Различната програма опфаќа демонстрирање на вештините на царинските кучиња, како и претставување на специјализираната опрема, вклучувајќи скенер за товарни возила, што се користи за откривање стоки коишто се предмет на криумчарење. Целта на настанот е да ја приближиме Царинската управа до граѓаните и да ја подигнеме свеста за нејзиното значење во економскиот развој и во унапредувањето на безбедноста на државата, посочуваат од Царинската управа.
МИА


