Во тек е откупот на зелката, земјоделците се задоволни од моменталната откупна цена од 35 ден/кг

Во струмичкиот регион во полн ек е откупот на пролетната зелка од реколта 2026. Производителите се задоволни од квалитетот и родот како и од откупната цена која денеска изнесува 35 денари за килограм.

На почетокот на откупот на почетокот на март цената изнесуваше 50 денари за килограм.

Задоволни сме од откупната цена која е карактеристично за овој период на откуп единствен проблем ни е што се откупуваат помали количини а еве јас на пример дневно берам по 600 гајби или три трактори – велат за Агротим земјоделците од струмичкиот регион.

Земјоделците за предадената зелка од страна на откупувачите добиваат кантарни белешки на кои стои предадената количина и цената по која е откупена а исплатата треба да се изврши за 30 дена.

Инспекторите во ДИЗ се постојано на терен и ја следат состојбата со откупот.

Извозниците велат дека во споредба со минатата година побарувачката на зелка е значително намалена, тие причината ја гледаат во стравот од актуелните состојби на Блискиот Исток и војните во Украина, како и стравот од економската криза па нарачките се двојно намалени. Инаку велат дека квалитетот на струмичката зелка е одличен и родот е на задоволително ниво, што го потврдуваат и странските купувачи.

Најголем извоз на македонската пролетна зелка има за Србија, Бугарија, Украина, Полска, Молдавија и Русија

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести