„Безбеден град“ во март регистрирал 26.241 сообраќаен прекршок, за 68,2 отсто намалување на поминувањето на црвено светло

Преку системот „Безбеден град“ во март констатирани се 26.241 сообраќаен прекршок, од кои само 70 за минување на црвено светло на семафор. 

Во периодот од 1.3.2026 до 31.3.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и на коридорите, каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок.

– Од вкупниот број регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци, што претставува намалување на 68,2 отсто во споредба со февруари, најголемиот број се за управување возило со брзина поголема од дозволената – 25.230, а во текот на март беа регистрирани дури 941 прекршок за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола – информираат од МВР.

Исто така, изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување возило, чиј број бележи намалување од 16,7 отсто во однос на минатиот месец. Од нив, 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возилото и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести