Американски борбен авион соборен над Иран, во тек спасувачка операција

Американски борбен авион е соборен над територијата на Иран, потврдија три американски извори за „СиЕнЕн“ со што се потврдуваат претходно објавените информации од иранските државни медиуми.

Во тек е спасувачка операција за пронаоѓање на екипажот. На социјалните мрежи се појавија видео снимки кои покажуваат воени авиони и хеликоптери во низок лет над иранската провицнција Хузестан.

Ова е прв случај американски авион да биде соборен над Иран од почетокот на војната. Претходно, три борбени авиони Ф-15 беа уништени во инцидент со пријателски оган од кувајтската противвоздушна одбрана.

Инцидентот доаѓа во момент кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати тврдеше дека САД имаат целосна воздушна надмоќ над Иран и дека војната практично е добиена. Трамп изјави дека американски авиони „слободно летаат над Техеран“ и дека „Иран не може да направи ништо во врска со тоа“.

Иранските државни медиуми објавија фотографии од остатоци за кои тврдат дека припаѓаат на американски борбен авион Ф-35. Според видливите ознаки најверојатно станува збор за делови од авион Ф-15 од американските воздухопловни сили во Европа.

Најчитани вести