Американската вселенска агенција НАСА ги објави првите фотографии направени од астронаутите во Артемис II на патот кон Месечината. Станува збор за историски фотографии направени од капсулата „Орион“ за време на летот.
Првата фотографија е опишана како „потсетник дека без разлика колку далеку патуваме, сѐ уште сме еден свет што гледа, се надева и стреми кон повисоки цели“.

Втората фотографија е направена низ прозорецот на вселенското летало и ја прикажува Земјата како „бледо сино зрно“ видено низ очите на астронаутите.


