САД и Иран во потрага по вториот пилот од соборениот ловец Ф-15

Сѐ уште се трага по вториот американски воен пилот од соборениот Ф-15 над Иран, пренесува „СиЕнЕн“. Еден од пилотите беше извлечен од Иран во текот на вчерашниот ден во спасувачка операција на американската војска.

Паралелно со спасувачката акција на САД, властите во Техеран понудија награда за секој граѓаните кои би го пронашле и предале исчезнатиот американски пилот.

Воените дејствија во регионот продолжуваат. Иранските државни медиуми јавуваат дека најмалку едно лице загинало по напад врз станбена населба во северниот дел на Техеран. Истовремено, ИДФ соопшти дека спасувачки екипи се упатени кон локации во централен Израел по пријави за ирански ракетни напади.

Најчитани вести