Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која го прогласува производството на хербициди базирани на глифосат и елементарен фосфор за прашање од клучно значење за националната безбедност на Соединетите Американски Држави, пишува „Agriculture“.
Повикувајќи се на Законот за одбранбено производство, Трамп ѝ наложи на федералната администрација да обезбеди стабилно и доволно домашно снабдување со овие хемикалии, нагласувајќи ја нивната важност не само за земјоделството, туку и за воената подготвеност на земјата. Тој ја задолжи министерката за земјоделство Брук Ролинс да даде приоритет на производството и дистрибуцијата на хербициди базирани на фосфор и глифосат.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која го прогласува производството на хербициди базирани на глифосат и елементарен фосфор за прашање од клучно значење за националната безбедност на Соединетите Американски Држави, пишува „Агрокултура“.
Повикувајќи се на Законот за одбранбено производство, Трамп ѝ наложи на федералната администрација да обезбеди стабилно и доволно домашно снабдување со овие хемикалии, нагласувајќи ја нивната важност не само за земјоделството, туку и за воената подготвеност на земјата. Тој ја задолжи министерката за земјоделство Брук Ролинс да даде приоритет на производството и дистрибуцијата на хербициди базирани на фосфор и глифосат.
Според податоците од индустријата, Мозаик произведува околу 74 проценти од концентрираните фосфатни хранливи материи за културите во Северна Америка. Заедно со компанијата Nutrien, контролира повеќе од 90 проценти од продажбата на фосфатни ѓубрива на американските земјоделци.
Кога станува збор за глифосатот, германскиот хемиски и фармацевтски гигант Баер, кој го презеде Монсанто, е единствениот домашен производител на супстанцијата во САД. Во своите американски фабрики, произведува околу 40 проценти од светската количина на глифосат.


