Во тек е прес конференцијата на престедателот на Владата, Христијан Мицкоски во која во одговорот на новинарски прашања за моменталната состојба во економијата најави дека кризата очигледно ќе трае и како Влада се подготвуваат со мерки кои треба да значат подобрување на состојбата.
Кризата ќе трае, ќе се бориме и ќе победиме! – изјави Мицкоски и додаде дека како држава сме фактор на стабилност во регионот и затоа дозволуваме граѓаните од другите земји да користат од нашите ресурси во нафта.
Мицкоски соопшти дека без овие мерки горивата би достигнале над 100 денари.
ОКТА ќе го продолжи својот месец до крајот на месец април, соопшти премиерот и додаде дека цената за дизелот ќе биде иста како и до сега, а за бензинот има дополнително намалување од 2 денари по литар.
– Потрошувачката достигнува два милиони литри на ден, на одредени бензински пумпи потрошувачката е тројно зголемена поради притисокот од граѓаните на соседните држави кои доаѓаат да полнат гориво поради пониските цени, вели премиерот.
Според Мицкоски нема потреба од мерки, бидејќи во разговор со пазарот било утврдено дека има доволно горива и домашните потрошувачи нема да бидат загрозени.


