Дизелот повторно поскапува, од полноќ 98 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница донесе одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати.

Дизелот поскапува за 2,5 ден. од полноќ ќе чини 98 ден./литар. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,5 денари и изнесува 83,5 ден./литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменета и изнесува 85,5 ден./литар.

Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од полноќ ќе се продава по цена од 95,5 ден./литар, додека мазутот М1 НС ќе се продава по цена од 51,311 ден./килограм.

ГоривоАктуелна ценаНова цена (од 07.04.2026)
ЕУРОСУПЕР БС – 9584 ден./л83,5 ден./л
ЕУРОСУПЕР БС – 9885,5 ден./л85,5 ден./л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)95,5 ден./л98 ден./л
Масло за горење екстра лесно (ЕЛ-1)92,5 ден./л95,5 ден./л
Мазут М-1 НС51,410 ден./кг51,311 ден./кг

Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 30.3.2026 година.

Најчитани вести