Сточарите Александар и Зоран од Пехчево со донација за својот колега кој го загуби стадото во поплава

„Заради поплавите што се случија во струмичкиот регион пред одреден период, на нашиот пријател, познаник и колега по мака и труд, Никола Колев, се одзвавме да му помогнеме во рамки на нашите можности“, пишува на фб Александар Мачевски.

-Никола во поплава изгуби дел од своето стадо овци, па заедно со Зоран Чучуковски исто сточар од Пехчево покажавме и докажавме дека и во Малешевијата сè уште постојат хумани луѓе со чувство за емпатија.

Секој којшто ќе биде во можност и со желба да му даде поддршка на Никола, го повикуваме да го стори истото, за некој е ситница, за него во овие тешки моменти претставува многу.

Фејсбук статус на Александар Мачевски

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести