(ВИДЕО)Сиљановска-Давкова: Не треба да чекаме децении за ЕУ, некогаш има поместувања и кога јавноста тоа не го гледа

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не треба да чекаме децении за Европската Унија.

„Морам да напоменам дека кога се цитира изјавата на Премиерот, се заборава дека не беше таква што ја повторуваме сите, туку поврзана со „доколку“ доколку во односите со Бугарија. Не мислам дека децении треба да чекаме, напротив. Некогаш движење има и кога не е пред очите на јавноста, би било пред очите на јавноста кога јас би била професорка, но како претседателка многу работи заради суштата на дипломатијата, не мора да се случуваат јавно. Тоа не значи дека ги нема. Во политиката може посредно преку изјавите на нашите соседи, а многу читам деновите, од тоа дека сме имале клучно влијание на господинот Вајц, па дека сме ги информирале, дека МНР чевлите ги изабил одејќи, може да се заклучи дека не мируваме, работиме, но не секогаш тоа се гледа“, рече Сиљановска Давкова.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести