Почина новинарката Лилјана Алтипармакова

Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија – соопшти нејзиното семејство.

Алтипармакова целиот работен век го помина во јавниот сервис, каде што работеше како спикерка, новинарка и уредничка, оставајќи значаен белег во македонското новинарство и медиумскиот простор.

Погребот ќе се одржи утре (22 април) во 11.30 часот на гробиштата „Бутел“ во Скопје. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести