На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе биде означено официјалното воспоставување на Интегриран центар за безбедносни операции (SOC). На настанот е најавено присуство на министерската за образование и наука Весна Јаневска, на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и на заменик-шеф на Мисијата во Амбасадата на САД Никол Варнс. Обраќање ќе има и проф. Д-р. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Проектот е финансиран од Бирото за Европа и Евроазија при Министерството за надворешни работи на САД во рамки на Програмата за сајбер безбедност и дигитална отпорност на земјите од Западен Балкан.
Во рамки на настанот ќе бидат презентирани и плановите за формирање на центарот кој ќе функционира согласно највисоките меѓународни стандарди за сајбер безбедност.
МИА


