Вечерва бев спомнат од пратеникот Бојан Стојановски дека поради мене наводно бил блокиран законот за откуп на станови во МВР, пишува на ФБ Митко Бојмацалиев.
Сакам јасно да истакнам дека никогаш не сум земал стан под закуп, ниту пак сум користел стан за подоцна да го откупам.
Точно е дека сум имал позитивно решение за закуп, но истото никогаш не сум го искористил во предвидениот рок од 15 дена, по што решението автоматски престанува да важи.
Повторувам, немам потпишано никаков документ за закуп на стан.
Затоа ваквите тврдења се неточни и неосновани.
Фејсбук статус на Митко Бојмацалиев


