Сопствениците на возилата добиваат код на својот мобилен телефон и електронската адреса при регистрација на возилото, со цел да се избегнат било какви грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“ , соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Од МВР ја информираат јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов.
Оваа измена, како што велат од МВР, е во насока да се избегнат било какви грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“, кои и понатаму ќе бидат праќани преку СМС порака и на меил адресата на сторителот на прекршокот.
МИА


