Ротари клубот „Кочани- Виница“ обезбеди донација од 170 инвалидски колички

Ротари клубот „Кочани – Виница“ обезбеди 170 инвалидски колички наменети за лица од целата држава кои имаат таква потреба. Од набавените 170 – 150 колички се мануелни, а 20 се акумулаторски, односно автоматски инвалидски колички.

-Станува збор за поголема хуманитарна донација која се реализира од нашиот клуб и нашиот партнер GNTC Foundation од Косово, кои покажуваат дека хуманоста нема граници, се наведува во соопштението на претставниците на Ротари клубот „Кочани – Виница“.

Дистрибуцијата на инвалидските колички започнува од следната недела согласно реалните потреби на граѓаните и здравствените институции низ цела Македонија – таму каде што е најпотребно.

Ротари клубот „Кочани – Виница“ на  крајот од соопштението информира дека до денес, клубот има донирано над 300 инвалидски колички што, според нив, значи стотици подобрени животи. 

МИА

Најчитани вести