Христијан Мицкоски, без решение за економијата, без реформи за ЕУ и без каква било визија за иднината на државата, започна нова кампања „предавници“ и вештачки конфликт со Бугарија, за да ја заштити себе си и својата криминална организација ВМРО.
Полека исчезнуваат парите во буџетот за криминалните тендери, владата се задолжува секојдневно, нема резултати во економијата, нема реформи – затоа му преостанува само да создава тензии и да ја обвинува опозицијата.
По падот на Орбан, идниот унгарски премиер Петер Маѓар најави сериозна борба против криминалната власт на Виктор Орбан.
Во Будимпешта се најавуваат истраги кои директно ќе стигнат до Мицкоски и неговиот „голем брат“ Вучиќ. Орбановиот балкански двоец – Мицкоски и Вучиќ, нивните сестрински партии и братските бизнис шеми наскоро ќе бидат под лупа на обвинителството.
Веќе е објавено дека кинескиот пари преку Унгарија завршиле во Македонија.
Орбановата медиумска мрежа од 40% од целиот македонски пазар, перењето пари и сомнителните тендери, телекомуникациски и енергетски компании директно поврзани со Орбан, се дел од истиот криминален октопод.
Мицкоски нема пари во буџетот, се задолжува секојдневно, а внатре во партијата има внатрешни конфликти околу Груевски.
Затоа и тој, како и Вучиќ, брзаат кон предвремени избори.
Како што месеци наназад предупредувавме – кога ќе снема пари за кражба преку тендери, криминалната организација ВМРО и нејзиниот сателит, партнер во тендер-коалицијата – ЗНАМ, веднаш ќе повикаат на избори.
Сега имаат уште еден причина повеќе.
Унгарија ќе биде прекинувачот.
Кога ќе се постават нови обвинители, започнува процесот на размонтирање на еден голем мафијашки октпод. Нè чека жешка есен.
Не се формираше владата во Бугарија, а Мицкоски веќе најавува влошување на односите и испраќање непријателски пораки кон соседна земја од која зависат нашите ЕУ интеграции.
Сите во СДСМ повторно ги нарекува „предавници“.
Сè е предавство ако ја загрозува криминалната организација ВМРО и нејзиниот шеф Мицкоски.
Кога немаш решение – нападни ја опозицијата.
Еднаш му помина со клечење и молење за власт, ветувајќи укинување на Преспанскиот договор и враќање на името, обвинувајќи ја опозицијата за предавство и негирајќи ги успесите на СДСМ како отворањето на преговорите за ЕУ интеграции и влезот во НАТО.
Граѓаните сега сè знаат и гледаат сè.
Лажниот патриотизам не полни фрижидери и паричници, ниту ги поддржува европските интеграции кои им овозможуваат на граѓаните единствена светла иднина, наместо сиромаштијата и изолацијата што ги нуди Мицкоски.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!
СДСМ Центар за комуникации со јавноста


