Нормализирана ситуацијата по тревогата прогласена поради сомнителна активност на дронови над Хелсинки

Финска соопшти дека сомнителната активност на дронови над подрачјето на главниот град повеќе не претставува закана и дека состојбата се враќа во нормала.

Националниот јавен сервис претходно јави дека финските одбранбени сили подигнале борбени авиони и активирале други итни служби како одговор на ситуацијата.

„Опасноста помина. Луѓето можат безбедно да одат на работа и на училиште“, напиша министерката за внатрешни работи, Мари Рантанен, на социјалната мрежа „Икс“.

По тричасовен прекин повторно е нормализиран сообраќајот на аеродромот во Хелсинки.

„Властите преземаат мерки. Одбранбените сили ги засилија своите капацитети за надзор и одговор. Ги повикувам сите да ги следат известувањата од надлежните институции“, порача премиерот Петери Орпо во објава на „Икс“. 

МИА

Најчитани вести