Тотална доминација и уште една победа над Словачка за уште еден пласман на ракометарите на Македонија на ракометен Мундијал. Избраниците на Кирил Лазаров ќе играа на СП 2027 во Германија во јануари, откако вечерва во исполнетата сала „Борис Трајковски“, и на реваншот ја совладаа Словачка со 38-23. На првиот меч Македонија триумфираше со 31-24.
Македонија имаше водство од почетокот до крајот на мечот, не дозволувајќи им на Словаците ниту да „помирисаат“ изненадување.
Откако во првиот дел Македонија поведе во еден момент и со +8 (12-4), се знаеше дека билетот за нов Мундијал е тука блиску.
Во вториот дел само ја зголемуваше предноста, и на крајот дојде до највисоките +15.
Филип Кузмановски беше најефикасен со 11 голови, а Велковски постигна шест.


