Гимназијата Никола Карев каде учеле тројцата 20-годишни момчиња кои загинаа со сообраќајната несреќа на скопската обиколница се прости од своите поранешни ученици.
– Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во којаме ги загубив нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020-2024 година, момчиња познати по насмевките, шармот и другарувањата со сите. Срцето на Карев денес плаче. Нашите деца, кои до пред некоја година чекореа по ходниците, седеа во училишните клупи и сонуваа за иднината….тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано. Изразуваме најискрено и длабоко сочувство до семејствата и најблиските, објави СУГС „Никола Карев“.
Во сообраќајната несреќа загина и таткото на едно од момчињата, познатиот баритон Ристе Велков.
Сообраќајната несреќа се случи кога во возилото со кои се превезувале удрил камион управуван од косовски државјанин кој изгубил контрола над возилото, ја скршил железната ограда и преминал на спротивната страна на автопатот.
За возачот на камионот, Обвинителството бара притвор.


