Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека до крајот на оваа седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 40 km/h).
Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 7 до 17, а максималните ќе достигнат до 33 степени.
МИА


