СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, ова се неговите лаги

Граѓаните добро знаат дека Мицкоски кога клечеше и молеше за власт ветуваше враќање на името, промена на преговарачката и укинување на Преспанскиот договор.

Ги излажа граѓаните. 

Му пропадна лажниот патриотизам, пола влада му е со бугарски пасоши. 

А што ветуваше Христијан Мицкоски за економијата? 

Ветуваше дека „ќе биде многу подобро“, ветуваше подобар стандард, повисоки плата, подобар живот.

И за тоа излажа. 

Ништо не е подобро. После две години влада на Мицкоски граѓаните живеат полошо, едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа, и секојдневна борба да се преживее од први до први.

Сиромаштијата достигна 21,9 проценти уште во првата година од владеењето на Мицкоски.

Синдикалната кошничка порасна на речиси 69.000 денари, а минималната плата е само 26.000 денари, најниска во Европа.

Пред две години, во експозето за избор на Влада, Христијан Мицкоски вети дека „економијата ќе му биде во фокусот“ и „во центарот на вниманието„.

Денеска економијата е пред крах, пари нема во буџетот а во „фокусот“ му се само криминалните инвестиции.

Во експозето Мицкоски вети „нови странски инвестиции“.

Реалноста денес е катастрофална. Странските инвестиции се намалени за 61 процент, огромно намалување за 729 милиони евра во 2025 година.

Вети Мицкоски и „нови работни места“.

А само за една година бројот на вработени во индустријата е намален за 2,8 проценти. 

Ништо од тоа што ветуваше Мицкоски не исполни, буквално ги излажа граѓаните.

Има една работа што не ја вети ама сериозно ја прави од месец во месец: го зголеми долгот на граѓаните и на идните генерации.

За само две години Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра и денеска долгот е историски најголеми 11 милијарди евра.

Нов долг на грбот на народот ама за тендери. Нема пари за повисоки плати, нема пари за пензии, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за земјоделците и за повисоки субвенции. 

Нема ниту мерки за заштита на животниот стандард во време на криза.

Сите овие лаги на Мицкоски граѓаните денеска многу добро можат да ги видат кога ќе погледнат во своите празни паричници и празните фрижидери.

Мицкоски ги излажа и ги изневери граѓаните.

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор 

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести