Властите во можеби еден од најпознатите туристички градови во Хрватска – Ровињ, ја разгледуваат можноста да се воведе ограничување на бројот на станови за издавање, поради масовниот туризам.
Според хрватските медиуми, новите станови во стариот градски центар, односно зголемувањето на нивниот број ќе треба да се запрат уште в година, како дел од Планот за управување со дестинации до 2029 година. Планот засега е во фаза на јавна консултација. И градоначалникот на Ровињ, Емил Нимчевиќ нагласи дека градот веќе се бори со проблемот со голем број станови за издавање.
– Ќе се воведе двегодишен мораториум за издавање нови дозволи за станови во стариот градски центар. Сакаме притисокот врз стариот град да биде помал и нашето население да живее нормално, изјави Нимчевиќ.
Од друга страна, пак, жителите говорат дека иако градот налето е преполн со туристи, зиме е празен.
Оние што издаваат станови под наем предупредија на можните последици од овој, како што се истакнува – „радикален потег“, додавајќи дека се надеваат дека нема да има негативни реакции. Според податоци од Туристичката заедница на Ровињ, градот го посетуваат повеќе од 750.000 туристи секоја година, кои престојуваат во просек по 5,5 ноќевања.
МИА


