Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори во Косово официјално започна денеска и ќе продолжи до 7 јуни во 7 часот наутро, кога ќе се отворат избирачките места.
На овие избори се регистрирани 2.092.174 лица со право на глас, што е за 15.884 повеќе од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 28 декември 2025 година.
Граѓаните на територијата на Косово ќе гласаат на 2.550 изборни единици и на 47 избирачки места во дипломатските мисии на земјата. На граѓаните на Косово им е овозможено и гласање по пошта, што почна на 21 мај.
На 7 јуни ќе се одржат трети парламентарни избори за 1,5 година. Косово е во политичка криза од февруари 2025 година, по неуспешниот обид за избор на претседател на парламентот и формирање влада. На предвремените парламентарни избори во 2025 година Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти го обезбеди потребното мнозинство за формирање влада, но неговите предлози за избор на претседател не ја добија потребната поддршка во парламентот, што доведе до распуштање на законодавното тело и распишување нови избори.
МИА


