Претседателот на Казахстан, Касам-Жормат Токаев и рускиот претседател Владимир Путин денеска во Астана потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна централа во најголемата централноазиска држава.
Исто така потпишан е и договор за обезбедување руски извозен кредит за финансирање на изградбата на централата.
– Договорот за изградба на нуклеарната централа Балхаш, потпишан денеска, има големо значење, истакна Токаев и му се заблагодари на Путин за поддршката во реализацијата на големиот проект.
Агенцијата за нуклеарна енергија на Казахстан соопшти дека Русија ќе финансира околу 85 проценти од вкупната цена на проектот, што изнесува 15 милијарди долари.
Казахстан е најголем производител на ураниум во светот и планирано е да до 2035 година да има нуклеарен капацитет од 2,4 гигавати.
МИА


